Од Скопје се лета директно кон 26 дестинации

Bez autora
Feb 20 2014

Годинава македонските граѓани ќе можат директно од Скопје да летаат кон 26 дестинации во Европа и Азија. Од 2009 година бројот на директни авиоповрзувања со аеродромот „Александар Велики“ во Скопје пораснал за седум нови градови. Годинава од април од Скопје ќе се патува директно и до Париз, Брисел, Келн и Франкфурт со авиопревозникот „Визер“, а од мај и секојдневно до Рим, преку „Ал Италија“. Истанбул, Виена, Цирих, Лондон и Малме се петте топ-дестинации каде што минатата година најмногу патувале македонските граѓани, информираат од скопскиот аеродром „Александар Велики“. Најголем број патници се превезуваат со „Визер“, потоа следуваат „Туркиш ерлајнс“, „Аустријан ерлајнс“ и „Пегасус“. Зголемен е и бројот на патници, кој лани изнесувал 984.407 на аеродромот во Скопје и 83.000, кои патувале преку аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид.

Од Скопје се лета директно кон 26 дестинацииГодинава македонските граѓани ќе можат директно од Скопје да летаат кон 26 дестинации во Европа и Азија. Од 2009 година бројот на директни авиоповрзувања со аеродромот „Александар Велики“ во Скопје пораснал за седум нови градови. Годинава од април од Скопје ќе се патува директно и до Париз, Брисел, Келн и Франкфурт со авиопревозникот „Визер“, а од мај и секојдневно до Рим, преку „Ал Италија“.

Истанбул, Виена, Цирих, Лондон и Малме се петте топ-дестинации каде што минатата година најмногу патувале македонските граѓани, информираат од скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Најголем број патници се превезуваат со „Визер“, потоа следуваат „Туркиш ерлајнс“, „Аустријан ерлајнс“ и „Пегасус“. Зголемен е и бројот на патници, кој лани изнесувал 984.407 на аеродромот во Скопје и 83.000, кои патувале преку аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид.

„Минатата година на двата аеродроми имало зголемување кај бројот на патници за 20 проценти, а од 2010 година бројот на патници е зголемен за 44 проценти. Во последните три години бележиме просечен раст од 10 проценти, а највисокиот просечен раст во Европа е пет отсто“, истакна Алпер Ерсој, директор за оперативни работи во ТАВ Македонија.

Добрите параметри од работењето на аеродромот се причина што „Александар Велики“ втора година по ред е прогласен за најдобар аеродром во Европа во категорија до 2 милиони патници, од страна на Меѓународниот совет на аеродроми.

Според генералниот директор Зоран Крстевски, наградата се должи на воведувањето нови дестинации минатата година, како Стокхолм, Гатенбург и Берлин, како и политиките за субвенционирање на авиокомпаниите.

„Минатата година е успешна не само по бројот на патниците, туку и по безбедноста и сигурноста во авиосообраќајот“, рече Крстевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik